Променливо облачно, посвежо и нестабилно време со пороен дожд
Објавено на 22 август, 2022 во 09:11
Времето денеска променливо облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално во попладневните часови ќе има услови за појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. УВ индексот ќе изнесува 5.
Во следните денови подрачјето на нашата земја и понатаму ќе биде под влијание на влажен и нестабилен воздушен бран, што ќе услови променливо облачно и нестабилно време, со пороен дожд и грмежи. Локално, претежно во попладневните часови, ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Температурите ќе останат значително пониски во однос на изминатиот период.