Редовна 44-та Владина седница
Владата на Република Северна Македонија, денеска, 10 мај, ќе ја одржи редовната 44-та седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
На седницата, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ја разгледува Информацијата за олеснување на критериумите за кредитната линија од средствата на Развојна банка на Северна Македонија за поддршка на претпријатија со дејност од областа на земјоделството со цел зголемување на производството на земјоделските производи и нивните преработки.
Според предложениот дневен ред, на денешната седница ќе се разгледува и Годишниот извештај за работа на Националниот координативен центар за гранично управување изготвен од Центарот.
За заклучоците и одлуките од денешната владина седница, која ќе започне во 12:30 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.