Сè уште трае повикот на МОН, сите училишта  да се пријават за субвенционирана струја

Објавено на 20 јануари, 2023 во 11:04
Фото: Архива на Дума.мк

Второто полугодие од учебната 2022/23 година започнува на 23 јануари, понеделник, со физичко присуство на сите ученици. Одлуката за продолжување на зимскиот распуст беше донесена од страна на Владата поради заштита на здравјето на учениците и заштеда на електрична енергија за греење.

Од Министерство за образование информираат дека дел од јавните основни и средни училишта сè уште ја немаат искористено поволоност за снабдување со субвенционирана електрична енергија, затоа апелираат до раководствата на образовните установи и општините како нивни основачи да ја реализираат оваа можност.

– Со тоа, училиштата ќе ги намалат трошоците за електрична енергија и ќе се овозможи непречено одржување на настава со физичко присуство до крајот на учебната година, пишува во соопштението на МОН.

Одговорноста на секој чинител во реализацијата на воспитно-образовниот процес придонесува за повисок квалитет на образованието.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License