Следува период на суво и ветровито време со многу студени утра
Објавено на 12 јануари, 2022 во 09:28
Времето денеска сончево и студено со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Утрата ќе бидат многу студени, насекаде со минимални температури под нулата.
Следува период на стабилно, суво и ветровито време со умерен, повремено засилен северен ветер. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде утре и во петок кога утринските температури на места ќе се спуштат и под -10 степени.