Сончево и ветровито време
Објавено на 19 мај, 2022 во 09:41
Сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Поради разведрувањето утринските температури ќе бидат ниски за овој период од годината, во интервал од 2 до 9 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно, и утре со пониски утрински температури, а дневните од сабота ќе бидат значително повисоки.
Локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи ќе има во недела.