Сончево но многу студено, максимална темература од -4 до 5 степени
Објавено на 25 јануари, 2022 во 09:33
Времето денеска променливо облачно, на места ќе провејува снег, особено претпладне во западните и северните подрачја. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5 степени.
Во текот на утрешниот ден, наутро по котлините ќе има појава на магла. Преку денот ќе биде сончево со умерена облачност и потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во следните денови ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла по котлините. До петок ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе бидат позитивни, а дневните во значителен пораст.