Србија отворена за турски инвестиции!
Дојде време Србија и Турција да соработуваат до последен атом, рекоа денеска во Анкара претседателите на двете држави, Томислав Николиќ и Абдула Ѓул.
Николиќ во претседателската палата бил дочекан со највисоки воени почести од турската гарда.
Како што пишува “Вечерње новости“, Ѓул потсетил дека турските и српските фирми на големо работат на изградба на автопатот низ Србија на Коридорот 11.
“Ќе дојде до економски бум во наредниот период“ рекол Ѓул и ги повикал заинтересирание турски инвеститори да вложуваат во Србија.
Српскиот претседател нагласил дека нивната држава е отворена за турски инвестиции.
“Нашето пријателство е многу поголемо отколку нашата економска размена. Можеби така е и подобро. Подобро е од пријателството да произлезе и економска размена, отколку поради економската размена да произлезе пријателство“ рекол Николиќ
