Утврден пакет мерки за заштита на здравјето на граѓаните во БиХ!
Советот на министри на БиХ само што ја усвои информацијата на Министерствто за надворешна трговија и економски односи на БиХ за утврдување на афлатоксинот во млекото и утврди пакет мерки за заштита на здравјето на граѓаните.
Канцеларијата за ветеринарство на БиХ задолжена е да продолжи со спроведување на потребните мерки на граничните премини при увоз на животни и производи од животинско потекло,со цел заштита на здравјето на луѓето и животните,соопшти Советот на министри на БиХ.
Надлежните инспекциски органи на Република Српска и Федерацијата БиХ им препорачаа редовно да ги конторлираат сите субјекти во работењето со млеко и млечни производи и за сите резултати редовно да ја информираат Канцеларијата за ветеринарство на БиХ.
Канцеларијата за ветеринарство задолжена е на својата веб страница редовно да ја известува јавноста за производите кај кои е утврдено поголемо ниво на афлатоксин од дозволеното,со сите потребни податоци.
Агенцијата за безбедност на храна на БиХ задолжена е, во согласност со Законот за храна, во рок од 30 дена да подготви научно мислење за содржината на афлатоксинот М1 во производите од млеко и да препорача на законодавството во БиХ ,предлог за максимално дозволена количина афлатоксин М1 во овој вид на производи.
Советот на министри на БиХ, на предлог на Агенцијата за безбедност на храна, донел Правилник за максимално дозволени количини за одредени супстанци во храната.
Агенцијата за безбедност на храна задолжена е во рок од 30 дена да предложи на Советот на министри на БиХ услови за увоз на пченка за исхрана на луѓето. Со тоа увозниците би се оневозможиле пченката која е наменета за исхрана на животните да ја пријавуваат за време на увозот како пченка за исхрана на луѓето. Вака не ќе може да се избегнува контролата од страна на граничната ветеринарна инспекција./Б.Н.Т
Извор: Капитал. ба