Грција : Судири на протест за рудник со злато!

Објавено на 8 март, 2013 во 15:58

Жители на село од северниот дел на Грција се судрија со полицијата за време на протестот заради плановите на канадска компанија да експлоатира златото. Двајца полицајци се полесно повредени.

Жителите на Лерисос, на Халкидики поставиле барикади и палеле гуми како би ја спречиле полицијата да влезе во селото. Полицијата кон демонстрантите испукала солзавец.

Поранешниот градоначалник Михалис Влахопулос изјави дека солзавецот е фрлен внатре во селото,вклучувајќи го и дворот на едно средно училиште,каде учениците имале проблем со дишењето но полицијата го демантира тоа.

Двајца полицајци се здобиле со полесни повреди од камењата со кои ги гаѓале демонстрантите.

Грчката влада смета дека инвестицијата во рудникот за злато е многу потребна и ќе обезбела нови работни места во екот на економската криза која ја тресе земјата.

Локални активисти пак тврдат дека рудникот ќе ја уништи животната средина во туристички развиеното подрачје и ќе ги остави земјоделците без работа.

Иако владата тврди дека вовела строги стандарди, кога станувало збор за заштита на животната средина, сепак проектот за експлоатација на злато поттикна политичките несогласувања.

“Полициската работа требаше да биде извршена на поинаков начин. Но,целта на оваа акција е да се уплаши месното население кое демонстрира против уништувањето на животната средина во својот регион“,рекол во своето обраќање во парламентот пратеникот на левичарската партија Сириза Евангелос Апостолу./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.