Мали се шансите за целосна вистина за убиството на Џинџиќ!
Убиството на премиерот на Србија, Зоран Џинџиќ било политички мотивирано и тоа не можело да биде расветлено во денешна Србија,каде е само отворено и недовршено. Вака вечерва оцениле учесниците на трибината „Политичката позадина на убиството на Зоран Џинџиќ“.
Учесниците на собирот Жарко Корач, Рајко Даниловиќ, Славиша Лекиќ и Милош Васиќ се согласиле дека непостоеле големи можности за целосно расветлување на убиството на првиот премиер на Србија, после петооктомвриските промени.
На трибината на Либерално Демократската партија во Белград,поранешниот претседател на владата, Жарко Кораќ рекол дека против Џинџиќ била водена организирана медиумска хајка,дека се работело на криминализација на премерот и неговата Влада,како би се спречил напредокот на Србија.
“Очајнички обид да се запре напредокот беше убиството на Џинџиќ кое го смени историскиот процес“,оценил Корач./Б.Н
Извор: Бета.рс
