Џо Берти ги преживеа бомбите на Бостонскиот маратон и експлозијата на фабриката во Тексас!

Објавено на 19 април, 2013 во 08:00

Џо Берти го заврши маратонот неколку секунди пред експлозиите што се случија во понеделникот,  во близина на финиш линијата.  Успеа да избега неповреден како и неговата сопруга Ејми и нивните пријатели , само на девет метри од експлозијата што уби три лица.

Во експлозиите на бомби во Бостон беа повредени 180 лица. Ејми и еден пријател беа погодени од шрапнел, но поминаа со лесни повреди, а жената што стоеше до нив остана без нога од коленото надолу.

Џо изјави:  „Само што стигнав на финиш линијата, триесетина секунди подоцна ја слушнав првата експлозија, се свртев и видов чад. Веднаш знаев дека е бомба. Потоа се случи втората експлозија и видов  многу луѓе што се обидуваа да побегнат“.

Наредниот ден тие го напуштија Бостон и се вратија дома, во Тексас надевајќи се дека животот ќе им се врати во нормала со нивните две девојчиња на возраст од осум и единаесет години.

Во средата навечер , Џо се враќал дома од состанок кога лево од него видел како се издига црн чад.

Штом се приближил ја видел и ја почувствувал втората експлозија за само два дена,а остатоците од уништувањето паѓале врз неговиот автомобил.

Експлозијата во близина на Вако, уби најмалку петмина а рани 160 лица. „Се молевме за луѓето со помалку среќа од нас“, рече Ејми./Н.Р

Извор : Mirror

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.