Британија : Снег во мај!

Објавено на 15 мај, 2013 во 14:52

Велика Британија денеска се разбуди под снег а делови од југозападниот брег беа зафатени од силно невреме. Блокирани беа повеќе патишта, а илјадници домаќинства останаа без електрична енергија, јавува BBC.

Снежната покривка на некои места достигнала и до пет сантиметри, а жителите добиле предупредување за можни поплави.

Ветерот кој го погоди регионот дувал со брзина од над 100 километри на час.

Во Девон и Корнвол, по обилните дождови во понеделникот, се уште е на сила предупредувањето за опастост од поплави во 14 места, пренесува BBC.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.