Македонец во Австралија си ја уби сопругата и семејниот пријател!
Најверојатно поради љубомора иселеник од Македонија кој живеел во Австралија си ја убил сопругата и нивниот семеен пријател. Безживотните тела на 31 годишната Ванеса Фарчиќ и 37 годишниот Сашко Филковски биле најдени на различни локации во населбата Гиравејн во австралискиот град Перт.
Полицијата најпрвин околу 15.30 часот била известена дека е пронајдено телото на убиениот маж во неговата куќа во Гиравејн. По помалку од еден час, пристигнал уште еден повик до полицијата во Перт. Во близина, на само 100 метри оддалеченост, е пронајдено и телото на убиената жена, која лежела во нејзиниот дом.
Медиумите во Австралија јавуваат дека полицијата го привела 36-годишниот Никола Ник Стоески, сопруг на убиената Ванеса. Тој е осомничен за смртта на својата сопруга и пријател. Соседите сведочеле дека убиствата се случувале околу 15 часот кога слушале кршењена стакло во домот каде било најдено телото на убиениот.
Телото на 31-годишната жена е пронајдено во нејзиниот дом, токму во истата соба каде што брачниот пар во неделата го прославил роденденот на своето двегодишно дете. Нивниот семеен пријател Сашо Филковски живеел во соседството, заедно со неговата мајка. Тој работел како сметководител и компјутерски консултант, но работел и како тренер, а спроти неговата куќа имал отворено сала за вежбање и боксерски ринг.
Иван Петерс, сосед на убиениот во изјава за тамошните медиуми искажува жалење и рече дека бил шокиран од веста за убиството на Филковски. Го опиша како мирен човек, а му бил близок како брат.
„Тој беше едне од најљубезните луѓе што ги познавав. Цела негова фамилија беше таква“, вели Петерс.
