САД и ОН повикаа демонстрантите и владата во Турција да започнат дијалог!

Објавено на 12 јуни, 2013 во 09:21

ОН и САД ги повикаа демонстрантите и Владата во Турција на дијалог за надминување на недоразбирањата и прекин на демонстрациите и употребата на сила.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун изјави дека граѓаните имаат право на демонстрации и повика на дијалог меѓу Владата и демонстрантите.

Портпаролката на Белата куќа Катлин Хејден, изјави дека САД се вознемирени од ситуацијата во Турција и упатуваат повик за дијалог меѓу Владата и демонстрантите.

„Продолжуваме со вознемиреност да ги следиме случувањата во Турција и ја поддржуваме слободата на говорот како и правото за мирни демонстрации,“ изјави Хејден.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.