Обама ќе ја посети фамилијата на Мандела

Објавено на 29 јуни, 2013 во 10:54

Американскиот претседател, Барак Обама, во сабота планира да ја посети фамилијата на бившиот јужно африкански претседател Нелос Мандела.

Од белата куќа нема специфични детали за посетата, освен дека посетата ќе биде приватна само со фамилијата. Обама нема да го посети Мандела во болницата за мир и благосостојба на болниот, пренесува USA Today.

Мандела и Обама се имаат сретнато порано во 2005, кога Обама сеуште служеше како сенатор. Американскиот претседател има изјавено дека Мандела е негов „личен херој“.

„Мислам дека главната порака што сакаме да ја доставиме, ако не него лично, барем на неговата фамилија е едноставно длабока благодарност за неговото лидерство сите овие години и дека мислите и митвите на Американците се со него, со неговата фамилија и неговата држава“, изјави Обама за USA Today.

Обама со ова ја завршува турата низ Африка, одкако изминатиов викенд се сретна со актуелниот јужно африкански претседател, Јакоб Зума.

Л.С.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.