Белград: Одржан протест на Трг република!
Околу 500 луѓе се собраа на протестот „Општонароден револт“ кој беше одржан на Трг република поради сеопштата состојба во земјата и незадоволството на граѓаните.
Граѓаните носеа транспаренти на кои пишувашпе „Директна демократија“, „Зелена револуција“, „Бараме невозможно – да ви го затегнеме ременот“, „Платете Вие“, „Социјална правда“, „Стоп за сиромаштијата“.
На граѓаните кои скандираа „Антикапиталисти“, им се обратија говорници кои потенцираа дека собирот има за цел да ги поврзе луѓето кои ќе создадат работни групи за превземање понатамошни чекори.
Причините за протестот се се поголемата сиромаштија на народот и се поголемото богатство на богататите, невработеноста, експлоатацијата на работниците, дискриминацијата, како и опшатата состојба во земјата.
