Тешка сообраќајка во Србија со македонски државјани

Објавено на 25 август, 2014 во 13:21

Едно лице е потешко повредено, а две полесно во сообраќајната несреќа која се случила утрово, околу осум часот, на автопатот Белград – Ниш.

Несреќата се случила кога возило „ситроен“ со македонски регистарски таблички, кое се движело кон Белград, удрило во заштитната ограда покрај патот.

Според информациите на РТС, причина за несреќата е преморот на возочаот, за кој се претпоставува дека заспал зад воланот.

Потешко повредената патничка веднаш е префрлена во болница.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.