Во Белград загинаа три деца во пожар
Објавено на 26 септември, 2014 во 07:58
Деветгодишниот Миленко Станковиќ, неговата петгодишна сестра Анѓелка, и тригодишната Сања ноќеска изгореа во пожар што избувна во нивното живеалиште од картони и штици во гетото Петрес до блокoт 45 ,во населбата Нов Белград.
Се претпоставува дека огнот тргнал од запалена свеќа. Две пожарникарски коли реагирале на повикот но било доцна.Соседи, исто така се обиделе да ги спасат децата, но безуспешно. Телата на загинатите се однесени на обдукција.
