Во Белград, генерална проба на Воената парада

Објавено на 14 октомври, 2014 во 07:50

На просторот помеѓу палатата Србија и Дунав, на Булеварото Никола Тесла , денес ќе се одржи генерална проба на воената парада ,,Чекор на победникот,,.

Генералната проба ќе започне во 15:30. Воената парада по повод седум децении од ослободувањето на Белград во Втората светка војна ќе се одржи на 16 октомври.

Ќе учествува и руската летечка група ,,Стрижи,, додека 30 падобранци на Војската на Србија во поширокиот реон на споменикот ,,Вечен оган,, помеѓу Булеварот ,,Никола Тесла,, и Дунав, ќе изведат  падобрански десант.

Воената парада на 16 октомври ќе ја следи и рускиот претседател Владимир Путин.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.