Педофил злоставувал ученичка на часови по математика
Небојша Гајиќ е 52-годишен наставник од Нова Пазова осомничен дека силувал 17-годишно девојче на кое и држел приватни часови по математика. Тој е осомничен дека четири месеци сексуално се изживувал над малолетничката, заканувајќи и се дека, ако каже неколку што и правел, ќе помине како тијана Јуриќ (14) која во јули беше брутално силувана и убиена од страна на Драган Ѓуриќ (31).
Гајиќ кој не работи како професор во училиште, туку е вработен во Железницата во Инѓија, на почетокот ја допирал ученичката по градите и телото, а потоа станувал по агресивен.
-Ја терал да се соблекува и ги триел полниот орган од нејзиното тело. Ја принудувал малолетничката да го држи пенисот и и ги ставал прстите во аналниот отвор и во вагината – вели извор од полиција.
Тој е уапсен и задржан во притвор во траење од 30 дена. Полицијата ги истражува наводите на нападнатото девојче.
Имено, до разврска на случајот дошло кога девојчето и се пожалило на една роднина за тоа што и се случувало кај наставникот по математика, а таа ја упатила да се обрати кај школскиот психолог. Случајот потоа е пријавен во полицијата а девојчето сослушано во присуство на родителите.
Гневниот татко изјавил дека воопшто не се сомневал во развратниот професор зошто изгледал како загрижен и заинтересиран кон децата.
Можеби ова девојче не е единствената жртва на овој педофил па истрагата е проширена.
