Рекорден број починати во Словенија од почетокот на пандемијата

Објавено на 24 ноември, 2020 во 10:32

slovenia

24.11.2020

 Во Словенија се потврдени 1.302 случаи на нова инфекција со коронавирус, а 59 пациенти починале, што e најмногу досега.

Според последните податоци, епидемијата во Словенија сè уште не се смирува, бидејќи вчера неофицијално беа потврдени 1.302 случаи на инфекција со коронавирус, со извршени 5.596 тестови.

Процентот на позитивни резултати е 23,27 отсто.

Во моментов има 20.337 активни случаи на инфекција во земјата.

Во словенечките ковид-болници има 1.299 пациенти, од кои 204 се на интензивна нега.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.