Србија е прва во Европа по бројот на граѓани со две примени дози на анти-ковид вакцината
Објавено на 3 март, 2021 во 08:59
03.03.2021
Србија, според последните информации на Владата во Белград, ја мина границата од еден и пол милиони вакцинирани лица против коронавирусот. Една доза на анти-ковид вакцина досега примија точно 1.501.917 милиони граѓани додека втора е аплицирана кај 530.863 лица.
Кога станува збор за бројот на вакцинации на еден милион жители, Србија е на шестото место во светот по Израел, Сејшели, Обединетите Арапски Емирати, САД и Велика Британија, а во Европа е втора по Велика Британија.
Но, Србија е лидер на стариот континент по бројот на вакцинирани со втората доза и, секако, во регионот пред Унгарија, Словенија, Романија, Хрватска, Бугарија, Албанија и Црна Гора.