Европската агенција за лекови почна со проценка на руската вакцина „Спутник V“
Објавено на 4 март, 2021 во 10:36
04.03.2021
Европската агенција за лекови денеска соопшти оти почнала да ја разгледува документацијата за вакцината „Спутник V“ што ја разви рускиот Институт „Гамалеја“ со цел да издаде дозвола за нејзина употреба во Европската Унија , објави агенцијата „Ројтерс“.
Рускиот фонд за директни инвестиции соопшти дека ЕМА ќе прави проценка на соодветноста на „Спутник V“ со стандардите на ЕУ кога станува збор за ефикасноста, безбедноста и квалитетот, пренесува агенцијата „РИА Новости“.
Унгарија и Словачка веќе одобрија примена на „Спутник V“, без да чекаат одобрение од ЕМА. Руската новинска агенција, пак, додава дека производот на Институтот Гамалеја досега е регистриран во 42 држави.