Србија од утре до понеделник: Отворени само продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи
Објавено на 16 март, 2021 во 10:01
16.03.2021
Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека од утре до понеделник во државата ќе биде се затворено, освен продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи.
По седницата на Кризниот штаб за борба со епидемијата на коронавирусот, Брнабиќ изјави дека нема да има „полициски час“.
Според неа, тие мерки се компромисно решение, бидејќи медицинскиот дел од Кризниот штаб побарал затворање во траење од 14 дена.