Расте бројот на новозаболени од ковид-19 и во Хрватска
Објавено на 19 март, 2021 во 09:29
19.03.2021
Во изминатите два дена во Хрватска бројот на инфицирани со Ковид-19 е над 1.000 луѓе, додека според локланите медиуми, нема да има ново затворање, туку поригорозни мерки.
Според порталот Индекс, Кризниот штаб ќе препорача жупаниските штабови да преземат поголема одговорност во донесувањето на конкретни мерки, во нивното спроведување и во казнување на тие што не ги почитуваат мерките.
Тоа првенствено се однесува на сопствениците на различни објекти, од кафулиња до ресторани, фитнес центрите, граѓаните кои не носат или неисправно ги носат маските, како и во случаите на недозволените приватни собири.