СЗО ни помогна со 5 носачи на вакцини и 1250 тестови и реагенси

Објавено на 7 октомври, 2021 во 16:07

Институтот за јавно здравје денеска прими дополнителна помош и поддршка од Светската здравствена организација – 5 носачи на вакцини и 1250 тестови и реагенси за секвенционирање вируси. Овој гест ќе придонесе за ефективен одговор на кризата со Ковид-19 во Северна Македонија, велат од Министерството за здравство.

Според нив, како интегрален дел на складирањето на вакцините во ладен синџир, носачите на вакцини претставуваат кутии со изолација, што се користат за транспорт на вакцини и разредувачи до локации на терен, како и за привремено складирање во текот на изведувањето на имунизацијата во здравствените установи, со што се одржува потребната температура за складирање и се задржува квалитетот на вакцините.

Набавката на опремата и имплементацијата на проектот се поддржани од Германија и Центарот за превенција и контрола на болести на САД со техничка поддршка од СЗО.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.