Топло со темератури до 38 степени, попладне можен дожд и невреме
Објавено: 31 август, 2026, во 08:47 часот
Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Наместа, особено во попладневните часови, ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 16 до 20 Целзиусови степени, а максималните ќе бидат од 30 до 38 степени.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Дума.мк


