Топло време, попладне се можни врнежи од дожд и град
Објавено: 26 август, 2026, во 09:00 часот
Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа се очекуваат пороен дожд и грмежи, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Локално, временските процеси може да прераснат во невреме, проследено со засилен до силен ветер и со појава на град. Утринските температури ќе се движат од 14 до 20 Целзиусови степени, а максималните ќе достигнат од 31 до 39 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во делови од Скопската Котлина ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Дума.мк


