Трагедија: Најмалку 45 загинати меѓу кои 12 деца во македонски автобус кој се запали во Бугарија
Најмалку 45 лица загинаа кога во раните утрински часови автобус со македонски регистерски таблички се запали на автопат во западна Бугарија, соопштија властите во Бугарија.
Според информациите пламенот избувнал откако возилото удрило во заштитната ограда. Меѓу жртвите има и 12 деца, изјави министерот за внатрешни работи Бојко Рашков.
Автобусот е сопственост на „Беса Транс“, регистрирана во селото Рашче, општина Сарај.
Во автобусот патувале вкупно 52 лица од С. Македонија, кои влегле од Турција. Меѓу загинатите има и деца. Луѓето биле на патување во Истанбул.
Автобусот синоќа нешто по 21 часот влегол преку граничниот премин Капитан Андреево. Инцидентот се случил околу 3.00 часот на автопатот во правец Софија – Благоевград. 7 лица преживеале и се сместени во болницата „Пирогов“ – шест се со изгореници, а еден пациент со повреда на ногата.
По преглед и проценка на нивната состојба, тие се сместени на следење во Одделот за изгореници Пирогов.
Постојат две верзии за несреќата: човечка грешка на возачот, а втората имало ненадеен технички дефект.