УХМР за вечерва прогнозира пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Објавено на 10 јули, 2021 во 15:57

Синоптичарите за денеска попладне и за утре најавуваат нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Наместа, како што најавуваат, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследено со силни електрични празнења, ветер и град.

Препорачуваат да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја во случај на појава на електрични празнења.

И во понеделник попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.