Умерено облачно време со краткотраен локален дожд
Објавено на 20 септември, 2021 во 09:15
Времето денеска ќе биде малку до умерено облачно и нешто потопло, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Во западните делови повремено значително облачно со краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено изразен во западните делови.
Од четврток ќе преовладува сончево време.