Уште еден земјотрес во Македонија, утрово кај Пехчево
Објавено на 24 август, 2022 во 09:30
Земјотрес со локална магнитуда од 2,9 степени по Рихтер е регистриран утрово во 7 часот и 34 минути на 115 километри источно од Скопје, во епицентралното подрачје Пехчево, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.
Според податоците на Опсерваторијата, интензитетот на земјотресот е III степени според Европската макросеизмичка скала.
Земјотресот бил почувствуван од населението во Пехчево, Берово и околината. хс/са/