Во западна Канада забележана највисока температура досега во историјата на државата

Објавено на 28 јуни, 2021 во 18:51

Во западна Канада е забележана највисока температура на воздухот досега, а топлотниот бран го зафати и северозападниот дел на САД, пренесуваат агенциите.

Во Литон, Британска Колумбија, во неделата се измерени 46,6 степени цезиум, со што беше соборен рекорд од 84 години, соопштија локалните власти.

Литон се наоѓа на околу 250 милји северо-источно од Ванкувер. Рекордни температури од 40 степени  беа измерени и на многу други места во регионот.

Висок притисок

Претходниот рекорд го држеа во провинцијата Саскачеван, два града Yellow Grass и Midale  каде беа измерени 45 степени Целзиусови во јули 1937 година.

„Потопло е во делови на западна Канада отколку во Дубаи“, изјави климатологот Дејвид Филипс за CTV.

Се очекува на некои места температурата да достигне до 47 степени Целзиусови.

Пацифичкиот северозапад исто така руши рекорди, особено делови од Вашингтон и Орегон.

Системот за висок притисок е огромен и се протега од Калифорнија до канадскиот Арктик и длабоко во земјата, вклучувајќи го и Ајдахо.

Американската метеоролошка служба го нарече топлотниот бран историски и очекува тој да трае цела недела и да собори многу рекорди.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.