Временска прогноза: Претпладне сончево со умерена облачност,попладне пороен дожд и грмежи

Објавено на 19 септември, 2023 во 08:52

Во Македонија претпладне ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.

Минималната температура ќе биде во интервал од девет до 17 степени, а максималната ќе достигне 31 степен.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.