Временска прогноза: Значително потопло време за овој период од годината
Објавено на 13 септември, 2021 во 08:51
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб слаб до умерен, а во северниот дел од Повардарието и засилен ветер од северен правец. Во планинските подрачја можна е ретка појава на краткотраен дожд.Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. УВ=6
Во Скопје, сончево со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Во наредните денови следува период на значително потопло време за овој период од годината.