Времето денеска сончево и топло
Објавено на 22 јуни, 2022 во 09:13
Времето денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. УВ индексот ќе изнесува 8.
Денес и утре ќе се задржи топло време, но во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град.
Во петок ќе дува засилен северен ветер, а во деновите од викендот се очекува постепено стабилизирање на времето.