Времето во првата седмица од август: Нестабилно, посвежо и со почести врнежи!

Објавено: 30 јули, 2025, во 08:30 часот

„Според најновото ажурирање на прогностичките модели, како што се Европскиот модел ECMWF и Глобалниот модел GFS, во првата седмица од месец август, односно, во периодот од петок,1 август, до следниот четврток 7 август, во Македонија ќе имаме нестабилно, посвежо и променливо време со почеста појава на локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме проследено со силен ветер  и со услови за појава на град.

Што се однесува до температурите, наутро тие би се спуштале во интервалот од 10 до 19 степени, додека преку ден тие на повеќе места ќе бидат под 30 степени, а во Повардарието како и во југоисточните предели на државата температурите ќе се искачуваат до околу 35 степени, што значи дека пред нас е посвежо, односно по пријатно време.

Под влијание на посвежа воздушна маса од север, во првата седмица од август ќе имаме потпросечни температури на воздухот во Македонија, но и во целиот регион,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.