Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
Забрана за тешки моторни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, каде дополнително забраната важи за камиони и автобуси, а за останатите е задолжителна употребата на зимска опрема.
Сообраќајот на патниот правец Р1402 Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински извори е во прекин поради нанос на коловозот и поплава. Екипите на Ј.П. Македонијапат работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.
Поради можност за намалување на носивоста на еден ред столбови на мостот на река Брегалница кај село Долни Балван на локалниот пат село Долни Балван – село Таринци, Општина Карбинци заради безбедност на учесниците во сообраќајот препорачува мостот да не се користи од товарни возила и автобуси, а за останатите учесници во сообраќајот внимателно возење и прилагодување на брзината на возење према новонастанатат состојба.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.