ГМО проблеми: Американците ја критикуваат ЕУ!

Објавено на 2 април, 2013 во 14:38

Соединетите Американски Држави ги критикуваат прописите на Европската Унија против генетски модифицираните  семиња увезени во САД,нарекувајќи ги за непотребни, пренесува Франс прес.

„ Ограничувањата за ЕУ очигледно како последица го имале одложувањето на одобрението за нови семиња со генетски модифицирани карактеристики  и покрај позитивните проценки на Европската агенција за безбедност на храна,“ пишува во извештајот на Министерството за трговија на САД.

Министерството за трговија ја критикувало ЕУ и заради воведување на како што е речено комерцијално неизводливи барања за генетски модифицирани содржини во прехранбени производи во рамки на европските прописи за ознака на производите.

“Овие ограничувања не само што им нанесуваат штета на американските земјоделци туку оневозможуваат на потрошувачите во светот да имаат пристап до сигурна,високо квалитетна американска храна и земјоделски производи“,рекол Деметриос Марантис од ова министерство./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.