Земјотресот во Романија ги вознемири и скопјани
Објавено на 14 февруари, 2023 во 15:08

Нов земјотрес со интензитет од 5,7 степени по Рихтеровата скала е регистриран денеска во Романија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Истиот тој земјотрес беше почувствуван и во Скопје.
Земјотресот е регистриран во 13 часот и 16 минути на длабочина од 10 километри, на 73 километри североисточно од градот Дробета-Турну Северин. Покрај Скопје, земјотресот беше почувствуван и во Србија.
Вчера Романија исто така беше погодена од земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала.
Дума.мк
