16.12.2020
Се проценува дека 1,56 милијарди заштитни маски завршиле во океаните ширум светот годинава поради пандемијата на КОВИД-19, што остава тешки последици на морските животни и билките, се наведува во извештајот на организацијата за заштита на морето Oceans of Asia со седиште во Хонгконг.
На денешната седница Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информација за спроведување на еколошката мерка за субвенционирање на граѓаните со високоефикасни инвертер клима уреди за потребите на домаќинствата во општините Битола, Кичево, Тетово и на Градот Скопје, а кои користат енергетски неефикасни уреди за греење во нивните домаќинства кои влијаат на зголемување на концентрација на РМ10 и РМ2.5 со Предлог-одлуката за формирање на Комисија за спроведување и следење на имплементирањето на мерка, и го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање редовно да ја информира Владата за текот и спроведувањето на постапката.
Владата на четвртата седница го донесе „Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион (2020-2029 година)“, со акциски план со кој се обезбедува имплементација на сите препораки на УНЕСКО.
Општинскиот инспектор денеска изврши увид во врска со вчерашното испуштање бела течност во водите на река Брегалница и издаде налог, со кој на производствениот капацитет – Млекара и се наложува да го исчистат сопствениот таложник веднаш.
Бела течност со неиспитани својства, според делчевските риболовци предизвикува сериозна опасност по животинскиот свет во река Брегалница во Делчево. Фотографии од глетката, како што тврдат самите риболовци, веќе се доставени до надлежниот инспекторат, од каде како одговор им било наведено дека не е забележан помор на риби и затоа не се во можност да излезат на терен.
За време на вонреден инспекциски надзор на Депонијата за комунален отпад „Дрисла“ во селото Батинци, што бил извршен на 1 декември, Државниот инспекторат за животна средина утврдил дека воздухот се загадува со јаглероден моноксид, сулфур двооксид и прашина, од согорувањето во печката за медицински отпад.