Цените на угостителските услуги исти,во ноември и во декември
Објавено на 5 јануари, 2016 во 15:35
Цените на угостителските услуги во декември се задржале на истото ниво како и претходниот месец, објави денеска Државниот завод за статистика.
Зголемување за 0,6 проценти има на цените на угостителските услуги во споредба со декември минатата година.
Кумулативниот индекс за периодот јануари – декември во однос на истиот период од претходната година е зголемен за 0,5 проценти, додека во однос на декември 2014 година има зголемување за 0,4 отсто.