Тутунска банка ќе го смени името
Објавено на 8 април, 2016 во 14:28
НЛБ Тутунска банка АД Скопје ќе го смени името во НЛБ Банка АД Скопје. За новото име треба да се изјаснат и акционерите на Годишното собрание закажано за 10 мај.
Во соопштението во кое се најавува Годишното собрание на акционери, објавено на страната на НЛБ Тутунска банка, покрај другите предлози има и Предлог-Одлука за измена на називот на НЛБ Тутунска банка АД Скопје која е 17 точка на дневниот ред.
Предлогот за новото име на банката е НЛБ Банка АД Скопје.
Промената на називот се прави по налог од матичната НЛБ Словенија која ги ребрендира сите членки на НЛБ Групацијата.
извор: Плусинфо.мк