Се топат зделките на градежниците во странство
Се топат зделките на домашните градежни компании во странство, јави Телма.
Во првите три месеци од годинава , Државниот завод за статистика бележи намалување и на договорените и на извршените работи во странство.Македонската градежна оператива во следниот период ќе заработува помалку девизи бидејки вкупната вредност на договорени градежни работи е намалена за 18,2 % во споредба со истиот период лани и изнесува 44,8 милиони евра.Намалена е и вредноста на извршената работа и тоа за 66,2 % во споредба со 2015.
Зголемен обем на работа,градежниците од домашните компании имале само во Албанија и Германија а на сите други пазари во Косово, БИХ, Холандија и Србија работеле помалку .
Забавување на градежната експанзија статистика регистрира и во делот на издадени одобренија за градба,кои во март се намалени за 17,6 % во однос на март 2015.Според издадените одобренија,предвидената вредност на планираните објекти е 37,5 милиони евра што е за 23,8% помалку од март лани.
Градежниците пред неколку дена рекоа дека имаат позитивни очекувања во однос на вкупните порачки и бројот на вработени, во следниве три месеци.
Ограничувањето за подобрување на градежните активности според нив се должи на зголемените трошоци за материјали,недостигот на обучен кадар и зголемените трошоци за труд.
Извор: Телма