Црна Гора бара сезонски работници за плата од 1.500 евра
Црна Гора бара 14.000 работници, се нуди храна, сместување и плата од 1.500 евра.
Најбрани се пекарите, келнерите, готвачите, слаткарите. Се бараат работници во приморските општини, и тоа се сезонски работи. Црногорските работодавачи бараат работници за во туризам, угостителство, трговија на големо и мало, услужни дејности и слично. Кога станува збор за сезонска работа, се очекува ангажманот да биде ограничен на одреден период.
„Сепак, од искуствата со работниците и работодавачите знаеме дека дел од работниците ќе останат и по завршување на сезоната и ќе склучат договор на неопределено време. Познато е дека од година во година расте бројот на работодавачи, се отвараат нови хотели, ресторани, што секако повлекува и нови вработувања. Иако намерата е да се продолжи туристичката сезона од 6 на 8 месеци, сепак значаен број угостители и хотели успеваат да работат цела година“ – велат од Заводот за вработување.
Најслаб интерес има за работа во земјоделство. Според податоците, во Црна Гора се ангажирани 6.000 домашни сезонски работници. Голем дел од невработените сакаат да работат на рецепција, а платите се различни зависно од работодавците. Сепак, готвачите можат да заработат во Црна Гора до 1.500 евра плата.