Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Македонската економија треба да биде внимателна, но таа е добро подготвена за турбуленциите кои би можеле да се случат на светските финансиски пазари, уверува гувернерот на Народната банка, Димитар Богов.

- Во изминатиот период и ние презедовме низа мерки со кои го зајакнавме банкарскиот сектор. Последните години имаме намалување на буџетскиот дефицит, а верувам дека во наредниот период ќе дојде и до стабилизирање на јавниот долг. Фактот што во јануари беше издадена еврообврзница во многу поволен амбиент е позитивен. Сето тоа дава уверување дека македонската економија е добро подготвена за вакви турбуленции кои може да се случат на светските финансиски пазари - изјави денеска гувернерот Богов.

Одговарајќи на новинарски прашања, Богов оцени дека се можни одредени турбуленции на светските пазари, но не очекува дека ќе дојде до нова криза како онаа од 2008 година.

- Последните две години светската економија е во нагорен тренд, растот е многу силен и очекувањата се дека ќе дојде до повлекување на сета ликвидност која беше вбризгана во изминативе 10 години. Тоа внесува одредена доза нервоза кај финансиските играчи на финансиските пазари и можни се вакви корекции и во следниот период - рече Богов.

Според него, за извесен период нема потреба од зголемување на референцијалната каматна стапка имајќи предвид дека Европската централна банка во догледен период нема да ја зголемува својата каматна стапка, а од друга страна и амбиентот во државата е доста поволен за монетарната политика.

Тој вели дека во која насока ќе се движи референцијалната каматна стапка зависи од повеќе фактори како што се фискалната политика, платниот биланс и случувањата на девизниот пазар, политиката на Европската централна банка, како и од одвивањето на прашањата од неекономските ризици.

- Имајќи ги предвид сите овие фактори и во која насока тие ќе се одвиваат можно е да се оди нагоре, надолу или ќе останеме на сегашното ниво - нагласи гувернерот на НБРМ.

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново

 
   
   
   
   

rontis

 

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

30 (триесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

 ССС
 Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија – Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 05/11/2018 година.