Кој ке го наследи Богов?
Објавено на 13 март, 2018 во 18:09
На 21-ви мај оваа година истекува седумгодишниот мандат на гувернерот на Народната банка, Димитар Богов.
Богов беше избран за гувернер на Народната банка на Република Македонија во март 2011 година, а на функцијата стапи на 21 мај 2011 година, од кога и започна неговиот мандат. Тој е четвртиот гувернер на Народната банка кој ја извршувал оваа функција заедно со Борко Станоевски, Љубе Трпески и Петар Гошев.
Според законот, Претседателот на државата го предлага, а во Собранието на седница го гласаат со просто мнозинство.
Засега, од Кабинетот на претседателот сеуште нема предлог кој ќе го наследи досегашниот гувернер и велат дека постапката за избор ќе се спроведе согласно досегашната пракса во изминативе години.