Лидл влегува во Србија
Објавено на 12 јуни, 2018 во 11:35
До крајот на оваа година Лидл ќе ги отвори своите први продавници во Србија, рече генералниот директор на Лидл Србија, Томислав Шапина.
„Сакаме да бидеме долгорочен партнер на Србија, тука сме да останеме и заедно да се развиваме“, рече Шапина на отворањето на логистичкиот центар во Нова Пазова.
Лидл ќе биде првиот дисокнт во Србија кој ќе ја унапреди малопродажбата во Србија.
„Сакаме низ нашите брендови да понудиме единствено искуство во купувањето, свежи и квалитетни производи и најдобар однос на квалитетот и цената“, додава тој.