УЈП ја објави најновата листа на најголеми должници
Објавено на 12 август, 2019 во 14:40
Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на најголемите фирми-должници кон државата. На врвот на листата е ТЕ-ТО АД Скопје. Во групата на големи должници се и Националната радио телевизија, „11 Октомври Еурокомпозит“ АД Прилеп, потоа „Бетон“ АД Скопје, „Винарска визба Повардарие“ од Неготино…
Дел од листата должници кон државата, како и на минатите неколку листи, и овој пат се државни и јавни претпријатија, како и комунални претпријатија од неколку општини.
Според официјални податоци, фирмите и граѓаните ѝ должат на државата над 160 милиони евра за даноци и придонеси.