Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

plata fin

Конфедерацијата на слободни синдикати го поздравува зголемувањето на минималната плата, но бара усогласување со платите во јавниот сектор.

Според синдикатот, мора да се изврши усогласување на платите во јавниот сектор со порастот на минималната плата, бидејќи веќе сега има ситуации во кои е намалена разликата во платите што ја зимаат вработени на различни позиции во јавниот сектор. Со ваквото неусогласување, велат од Синдикатот, грубо се кршат колективните договори и им е нанесена штета на огромен број вработени во јавниот сектор.

-Во Законот за минимална плата, член 8, стои дека постојните колективни договори ќе се усогласат со овој закон најдоцна во рок од 6 месеци од стапувањето во сила на законот, рече претседателот на КСС, Благоја Ралповски на денешната прес-конференција.

Во дејноста детска заштита и образование има случаи кога вработени кои имаат различни бодови на плата земаат иста плата, бидејќи не е извршено усогласувањето на платите со зголемувањето на минималната плата.

– Ако Законот за минимална плата вели дека треба минималната плата да се усогласи со колективните договори, тоа мора да се направи. Еднаш засекогаш мора да се изнајде начин оваа урамниловка да се надмине. Решението е да бидеме поврзани со порастот на минималната плата – истакна претседателот на СОНК Јаким Неделков

 

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Најново

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.